Агенцијата Успешни родители е основана во 2003 година. Нашиот тим е вклучен во организација на програми за плодност на двојки од САД, Канада, Западна и Источна Европа, Австралија и други земји. Нашиот тим во себе обединува квалификувани специјалисти со долгогодишно искуство во областа на репродукцијата, организација на медицински услуги и семејно право.
Соработуваме само со приватни клиники за репродуктивна медицина во Киев. Наши партнери се клиниките Mini IVF Clinic и Mother and Child (Мајка и дете). Сите три клиники не само што имаат најголем процент на успешност, туку и нудат разумни цени и флексибилна политика на плаќање.
Сурогат мајчинството во голема мера се практикува и е поддржано од украинската легислатива. Законот дозволува комерцијално сурогат мајчинство. Исто така законот дозволува бирање полови. Генетска дијагностика пред имплантација (PGD) може да се изврши со цел да се одберат здрави ембриони и пол на вашето идно дете. Нашите адвокати ќе ве придружуваат во текот на целата ваша програма и со сигурност ќе ви помогнат безбедно да го однесете вашето бебе дома.
За влез во Украина не е потребна виза за земјите на ЕУ, Америка и Канада, поголемиот дел од Заедницата на независни држави и Скандинавските земји.
Ние ви ја нудиме секоја програма како пакет кој ги вклучува сите потребни организациски, медицински и правни услуги. Нашата ценовна политика е транспарентна и едноставна, со што ви овозможува контрола над сите трошоци во текот на програмата. Секој распоред на плаќање за пакети е дополнително поделен на неколку рати.
Врз основа на нашето искуство ние внимателни ги кроиме пакетите кои ги нудиме. Подолу се опишани најбараните пакети и се дадени нивните цени.
Кликнете на пакетот подолу за да прочитате повеќе информации:
Овој пакет предвидува подготовка и вршење ИВФ на една од нашите парнерски клиники, со помош на донатор на јајцеклетка. Овој пакет вклучува:
Пакетот вклучува подготовка и трансфер на ембриони од биолошките родители до сурогат мајката на една од партнерските клиники. Пакетот вклучува:
Пакетот вклучува подготовка и трансфер на ембриони во сурогат мајката на една од партнерските клиники, со користење донација на јајцеклетка.
Пакетот вклучува:
Ние имаме наша голема база на сурогат мајки и донатори на јајцеклетки. Сите кандидати се физички и ментално здрави, нивната возраст е помеѓу 20 и 35 години, во нивните медицински досиеа нема податоци за спонтани абортуси во минатото кај сурогат мајките, и нема хронични или генетски заболувања во семејното дрво на донаторите на јајцеклетки. Секоја сурогат мајка и секој донатор има најмалку едно свое здраво дете со што се докажува нивната плодност. Ние исто така многу внимаваме на личните карактеристики на донаторите, сите дами се од бела раса и имаат стандардни карактеристики, убава фигура и се добро образовани.
Со цел да се гарантираат добри резултати на вашата програма и да се избегнат било какви ризици, ние секој пат бараме од сурогат мајката и донаторот да направат нови медицински тестови и комплетна проверка пред почеток на програмата. Нашите донатори произведуваат по отприлика 12‐18 јајцеклетки во рамки на еден циклус на донирање. Вообичаено 2 ембриона се пресуваат при еден обид. Останатите собрани ембриони му припаѓаат исклучиво на пациентот и може да бидат замрзнати или да ги користат пациентите при своите идни третмани.
Откако ќе се констатира бременост ние во целост ја координираме сурогат мајката (дневен режим, редовни прегледи и скринизи, итн.), континуирано ги информираме нашите пациенти, обезбедуваме сместување за сурогат мајката во Киев од седмиот месец во бременоста, ги правиме сите потребни организации со болницата и по раѓањето на бебето се грижиме за подготовка на сите документи за регистрација на новороденчето и за амбасадата.
Бидејќи за да ви биде успешна програмата ние:
Добредојдени сте да не контактирате на email info@successful-parents.com во било кое време, доколку сакате да поразговараме за вашата програма.
Со нас станете Успешни родители!